Пациент заболен од ковид 19 во му ја отстапил својата ограниченa квота на кислородна поддршка на својот син, кој исто така бил заразен со коронавирусот, по што починал.

За оваа трагедија преку социјалните мрежи информираше една волонтерка која им помага на хоспитализираните пациенти во Украина.

Волонтерката Дана Јароваја објави дека болниците во Киевската област немаат доволно кислородни боци за пациентите со ковид 19. Поради тоа, на пациентите со тешка форма на болеста им е ограничено да дишат кислород 15 минути во денот.

Таа додава дека не ѝ е познато дали синот на починатиот во вторникот продолжува да го добива „татковото следување“ од кислород.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот Украина вкупно потврдила 536.857 случаи на заразата, од кои 10.681 случај во текот на средата, досега оздравеле 241.444 пациенти, а евидентирани се 9.603 смртни случаи поврзани со Covid-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.