Кинески молекуларни биолози откриле дека корона вирусот не навлегува во човечките клетки само преку рецепторите на ензимот 2 (AЦE2) туку и преку рецепторите СР-Б1, кои ги препознаваат молекулите на холестерол.
Сличноста помеѓу Ковид-19 и САРС-инфекциите покажува дека антителата и пептидите кои се насочени кон AЦE2 може да се користат во третман против Ковид-19. Знаејќи дека Ковид-19 навлегува и преку СР-Б1 рецепторите, семтаме дека лековите чија цел е СР-Б1 може да дејствуваат како антивируси кои ја ограничуваат инфекцијата со Ковид-19 – објавија научниците во списанието „Natural Metabolism“.
Способноста на Ковид-19 да се поврзе со различни рецептори ги натера научниците да испитаат со кои други рецептори може да се поврзе вирусот, што може да го одреди текот на лекувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.