Двајцата Кинези кои работат во Македонија вчера пристигнаа и испитувања покажале дека се негативни на коронавирус. Превентивно, тие ќе бидат две недели во изолација во куќа во Кичево.
Тие пред да дојдат во Македонија биле 15 дена во самоизолација во нивните домови кои се наоѓаат на 1.000 километри од Вухан, жариштето на коронавирусот.
Идната недела во земјава ќе пристигнат и останатите работници од Кина и тие ќе поминат низ истата процедура информираше д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.