Човештвото нема да може во целост да се справи со пандемијата ова лето, а во ноември можно е да се појави нов бран на заразата, иако тој нема да биде толку многу сериозен како овој со кој моментално се справуваме, пишуваат од порталот „Хуанкајо“, повикувајќи се на зборовите на шефот на инфективното одделение на шангајската болница „Хуашан“, експертот за лечење Ковид-19, Џан Венгхуан.

Во месец ноември ќе се сретнеме со сериозен предизвик, сметам дека следниот бран на епидемијата може да се случи во месец ноември, вели експертот.

Тој исто така изјавил дека болеста почнала да се појавува и во Јужна Америка, Африка, и Југоисточна Азија, поради што според постоечкиот математички модел, ова лето нема да можеме целосно да се ослободиме од вирусот, а кога ќе дојде зимата – повторно ќе седиме дома.

Во врска со тоа, Венгхун истакнал дека благодарение на искуството кое што многу земји го стекнале поради вирусот, особено во областа на дијагностиката, следниот бран на епидемијата нема да биде толку многу опасен.

Меѓутоа, земјите кои што немаат доволно медицински ресурси ќе биде тешко да ја преживеат следната зима, меѓу нив се земјите од Африка и Јужна Америка, истакнал експертот.

Според неговите зборови, контролата над епидемијата во светот не зависи од Кина, САД или Европа, туку од тоа како со епидемијата можат да се справат токму земјите кои што имаат најмала способност да ја контролираат истата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.