Светската јавност пишува за вирологот Ши Женгли од Вухан, Кина, која ја откри коронарната секвенца на вирусот набрзо откако првиот случај беше пријавен во декември 2019 година во овој кинески град. Таа е повторно во очите на јавноста поради новото интервју во кое открива нови детали за нејзиното истражување и притисокот од кинеските власти на кои е изложена.
За „Жената лилјак“ како што ја нарекуваат пишуваше и реномираниот „Мирор“ кој наведува дека нејзиното откритие на КОВИД-19 било мистерија бидејќи кинеските власти го диктирале темпото на утврдување на факти за новиот вирус.

Женгли е една од најголемите светски истражувачи за коронавирусите, откако откри десетици смртоносни вируси слични на САРС во пештерите на лилјаци – од каде потекнува нејзиниот прекар. Таа студирала примероци од првите пациенти во Кина кои заболеле од мистериозна респираторна болест и открила дека болеста е слична на САРС.

Таа го идентификуваше новиот вирус во рок од три дена, откривајќи дека тој е 96 проценти ист како вирусот пронајден кај лилјаците во Јунан. Ваквото откритие обично трае со месеци, а понекогаш и со години, но таа тоа го стори во рекордно време.

Кинеската новинарка Гао Ју разговарала со научничката додека била во затворот во Вухан (таа поминала два месеци таму), а таа ѝ рекла дека нејзините откритија биле прикривани, објави неодамна еден кинески магазин.

Откривме дека Институтот го завршил секвенционирањето на гени и слични тестови, но објавувањето на резултатите било спречено, а јас пратена во затвор”, вели новинарката, додавајќи дека податоците за секвенционирањето биле објавени дури една недела подоцна.

Веќе подолго време се зборува дека Кина криела информации за новиот вирус, но секако, ова е една страна на приказната. А на таа страна е “Жената лилјак” чие откривање на новиот коронавирус претставува најголемо откритие во нејзината 16-годишна научна кариера.

Кога на 30 декември добила повик за ситуацијата со Вухан, Ши знаела дека се спрема нешто страшно и се плашела дека е “ослободен” вирус од лабораторијата во која работела. Тогаш била на конференција надвор од градот кога го примила повикот.

Во Вухан тогаш биле регистрирани двајца пациенти со необично воспаление на белите дробови. Тамошниот Центар за контрола и превенција на болести ѝ напоменал на научничката дека новиот вирус може да биде смртоносен за јавното здравје.

Женгли се вратила со воз во Вухан и постојано работела со тимот за да го открие генетскиот код на вирусот, кој наскоро се прошири ширум светот.

Ши не очекувала дека коронавирусот ќе се појави во централна Кина бидејќи во текот на повеќегодишните истражувања докажала дека суптропските области на Кина се изложени на најголем ризик за пренесување на вирусот од животни на луѓе, а не Вухан, кој се наоѓа во централниот дел на земјата.

Инаку, од 2004 година, Ши Женгли со својот тим соработници ги проучувала пештерите во близина на Нанинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.