Годишниот капацитет за производство на вакцини во Кина ќе достигне 610 милиони дози до крајот на 2020 година, изјави во петокот официјален претставник на Националната здравствена комисија на земјата.
Во меѓувреме, главниот научник на кинескиот центар за контрола и превенција на болести Зенг Гуанг тврди дека вакцините против Ковид-19 произведени во земјата покажале ветување и дека тие можат да обезбедат „релативно долг“ имунолошки одговор.
Претходно оваа недела, кинескиот претседател Кси Џинпинг истакна дека борбата против пандемијата треба да се сфати како глобален напор и истакна дека Пекинг е подготвен да ја сподели својата вакцина со остатокот од светот веднаш штом ќе биде одобрена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.