Во последниот билтен објавен денеска од Центарот за јавно здравје за првпат беше регистрирано лице заразено со Ковид – 19 со постојано место на живеење во Кичево. Ова лице, како што информираат од Општина Кичево, во последите седум месеци не престојувало во градот туку работело надвор од државата.
Кичевецот позитивен на коронавирусот, допатувал во земјата и бил во државен карантин во Скопје и немал контакти со жители од Кичево.
Сепак, од општината нагласуваат дека граѓаните мора да бидат претпазливи и да ги почитуваат препораките на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.