Факт е дека имаме голем број на жртви од ковид 19. На почетокот на пандемијата сите лица кои починаа од било каква друга опција ние посмртно ги ставаме во Ковид, вели проф. д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, во интервјуто за телевизискиот магазин „25 минути“.
Тој вели дека факт е дека бројот на починати лица е голем и дека дел од нив веќе се задоцнето донесени во болниците, а и дел умираат на пат кон болница во брзата помош.
„Дел од пациентите доаѓаат доцна во болница, а дел починуваат во други услови, но, тоа не е до докторите. Голем дел од нив доаѓаат со ниска сатурација.Неспорно е дека имаме висока стапка на смртност од ковид -19 кај нас, но, анализите за ова ќе се прават по завршувањето на пандемијата во светот“, посочи д-р Караџовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.