Клиниката за дигестивна хирургија изразува длабоко жалење за случајот со оперираната пациентка која почина на КАРИЛ.

Одговорно тврдам дека нашиот тим презема сè што беше неопходно и го вложивме целиот наш потенцијал со цел пружање соодветен третман за оваа пациентка. Ние како хирурзи секојдневно се бориме за животот на пациентите, во случаи кога и секундите значат живот и во таа смисла изјавата која вчера ја пренесоа дел од медиумите беше погрешно протолкуван избор на зборови, токму во моменти кога со тимот се справувавме со најтешко болните пациенти на клиниката, кои се нашиот главен приоритет – напиша во писменото соопштение директорот на Клиниката за дигестивна хирургија Зоран Караџов.

Директорот на Клиниката за абдоменална хирургија за „НОВА“ изјави:

Примена е сабајле кај нас во четвртокот и е оперирана попладнето. Не е шетана од клиника на клиника. Се што треба ќе објаснам на Министерството за здравство, ќе им ја дадеме и потребната медицинска документација. Нема ништо чудно во случајот, секој има право да умре, рекол Караџов.

Во писмената изјава упатена до медиумите од Клиниката за дигестивна хирургија пишува дека уште еднаш изразуваат жалење за случајот со пациентката.

Како Клиника стоиме на располагање и отворени сме за соработка со сите надлежни институции, а медиумите остануваат наш партнер во навремено и објективно информирање на јавноста.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.