Канадската влада соопшти дека ќе бара од сите федерални службеници и од патниците во железничкиот, воздушниот и поморскиот транспорт да бидат вакцинирани против ковид-19 поради зголемениот број нови инфекции со делта сојот.

Знаеме дека вакцините се најдобриот начин за ставање крај на оваа пандемија. Очекуваме сите федерални јавни службеници да го почитуваат ова задолжително барање, изјави министерот Доминик Леблан, кој е задолжен за државните службеници.

Федералната влада е најголемиот работодавец во Канада.

Од 13 август, 71 отсто од населението во Канада од 38 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина против коронавирус. Речиси 62 отсто се целосно вакцинирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.