Фотографиите од трансформацијата на 40-годишниот спортист Ахмад Ајад кој го победи коронавирусот ги шокира корисниците на социјалните мрежи.
Ајад бил во кома 25 дена откако тестот покажал дека е позитивен на коронавирус. Кога пристигнал во болница, на висина од 185 сантиметри, тежел 97 килограми и бил мускулест. Кога бил отпуштен од болницата Џон Хопкинс, тој тежел 27 килограми помалку.
Кога се разбудив од кома, тежев 70 килограми. Рацете и нозе ми беа тенки, а градите ми ги снема. Не можев да верувам колку ми е тешко само да стигнам до работ на креветот и да станам”, рече тој во интервјуто објавено на веб-страницата на болницата.
Пред да се разболи, овој спортист кревал тегови и играл кошарка. Кога не вежбал, работел во семејната фабрика за мебел.
Првите симптоми ги почувствувал на 11 март, неколку дена по враќањето од Флорида. Тој се обидел да се опорави со домашна супи, но симптомите не се смириле.
Три дена подоцна тој останал без здив и не можел сам да отидње до болницата. Еден пријател го однел во болницата каде утврдиле дека е заразен со коронавирус. Тој бил првиот пациент во таа болница поврзан на респиратор.
Тој комуницирал со своите роднини пишувајќи пораки на хартија затоа што не можел да зборува. Набргу завршил во кома, а неговата мајка не можела да верува дека не смее да го посети.
Неколку дена откако бил исклучен од респираторот, тој бил префрлен од интензивна нега на одделот за коронавирус, а болничарите му аплаудирале додека заминувал.
Тој е пуштен од болница на 22 април со оштетени бели дробови и срце.
Се опоравувам од ден на ден. Полека добивам на тежина, многу јадам и одам на прошетки“, рече тој.
Додаде дека борбата против вирусот е една од најтешките работи низ кои поминал.
Имав грип секоја година, болен сум еден ден или два, а потоа се чувствувам добро. Ова не е грип. Луѓето треба да бидат внимателни затоа што тоа може да му се случи секому, заклучи тој.
View this post on Instagram
#spartanrace #spartan #fitness #fitnessmotivation #fit #fitnessaddict #arms
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.