Централната управа и раководењето, мобилизација, организација, закони, солидарност и меѓународна соработка – тоа се шестте точки кои кинескиот дневен весник „Пиплс Дејли“ ги опишува како модел кој Кина го применила за да го сопре ширењето на коронавирусот во најкраток можен рок.
Кина воспоставила Централна управа за одговор на едпидемијата и Единствен државен механизам за контрола и превенција. Откако се појави епидемијата, претседателот Си Џинпинг одржал 10 состаноци и лично отишол во три инспекции. Издал бројни инструкции и наредби и испратил честитки и писма како поттик и поддршка во борба против вирусот.
Во градот Вухан, каде што беше откриен вирусот и од каде што почна да се шири заразата, беа испратени истражители, а градот беше ставен во карантин на 23 јануари 2020. Беа направени привремени болници. Вкупно 86 болници беа за заболените, а со изградбата на 16 монтажни се дојде до вкупен капацитет од 60 илјади кревети. Од сите краеви на Кина во провинцијата Хубеи стигнаа 42 илјади медицински работници. Се следеше бројот на заболени и за тоа се информираше постојано.
Од буџетот на Кина беа одобрени милијарда јуани за Хубеи да се избори со епидемијата, а низ Кина на различни места се мереше температурата на граѓаните. Клиниките беа за тие со сипмтоми, а карантинот за заболените. Беа откажани сите големи собири, испити, школите се затворија, се одложија сите состаноци и конференции. Се зголеми производството на медицинска опрема и средства. Дневно се произведуваа 500 илјади парчиња заштитни одела, маски Н-95 се шиеја 1,6 милиони дневно, а хируршки маски 100 милиони. Плановите за дијагноза и лечење, забрзан развој на тестови, лекови и вакцини се забрза.
Беа затворени сите пазари каде што се продаваа диви животни, инсекти, а фармите и резерватите на кои тие се одгледуваат беа оградени.
Секоја отстапка беше брзо и остро санкционирана. Трајно е забранета трговија со храна од диви животни. Законите и прописите беа унапредени.
Соочен со епидемија, кинескиот народ покажа бесконечна љубов и голема солидарност, пишува весникот.
Граѓаните донираа маски, храна, пари, се ангажираа доброволно, движењето го сведоа на минимум, носеа маски при секое излегување. Останаа во своите домови и се грижеа за хигиената и дезинфекцијата. Доброволно заминуваа во карантин после секое патување, посебно ако доаѓаат од загрозените подрачја. Се разменуваа податоци за превенциија, дијагностицирање и третирање за заболените, кога станува збор за меѓународна соработка.
Кина донираше 20 милиони долари на Светската здравствена органиација за тестови и медицинска опрема за другите загрозени држави. Во февруари, кинескиот претседател комуницираше со преку 30 светски лидери.
Епидемијата е ѓавол кому нема да му дозволиме да се сокрие, изјави Џинпинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.