Ренгденски снимки на белите дробови на вакцинирано и невакцинирано лице, и двајцата заразени со САРС-КоВ-2, ја покажуваат разликата за тоа како вирусот делува откако целосно ќе се имунизирате. Доктор Гасан Камел од Универзитетската болница во Сент Луис, кој раководи со одделот за интензивна нега, вели дека сака да го насочи вниманието на важноста на вакцинацијата, која спречува тешки форми на болеста.

Белите дробови треба да бидат полни со воздух, а воздухот на рендгенските снимки изгледа црно. Ако погледнете, ќе видите дека снимката на невакцинираниот пациент е матна, повеќе бела отколку црна. Тоа значи дека пациентот мора да е на кислород, а можеби и повеќе од тоа, можеби мора да е на вештачка вентилација, респиратор и други системи за одржување на виталните функции на вештачки начин, вели тој.

1
Белите дробови на ковид-позитивен пациент кој не бил вакциниран
2
Белите дробови на ковид-позитивен пациент кој бил вакциниран

Пациентите кои се вакцинирани можеби нема да ја видат ни внатрешноста на собите во болница. Не им е потребна интензивна нега и не им е потребен респиратор, додава тој.

Експертите низ светот истакнуваат дека вакцината против коронавирусот штити од посериозна клиничка слика во случај на инфекција со ковид-19, но тие исто така предупредуваат дека вакцината не спречува зараза и пренесување на вирусот на некој друг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.