Светската здравствена организација (СЗО) е категорична дека го пронашла изворот на инфекцијата со КОВИД-19 што го зафати светот. Првото жариште од каде почна заразата е фарма за диви животни во Јунан.
Во извештајот што ќе биде објавен во следните недели, СЗО детално ќе го објасни изворот на пандемијата, пишува livescience.
СЗО во јануари започна обемна истрага за пронаоѓање на изворот на пандемијата и сега соопшти дека станува збор за фарма за диви животни. Многу од фармите се наоѓаат во провинцијата Јунан. Оттаму, препродавачите набавуваат див животни за пазарот на морска храна Хуан, во Вухан. Оттука и првите случаи на КОВИД-19 од минатата година.
Питер Дазак, екологист на СЗО, го раскажа за сајтот НПР своето искуство во оваа мисија чија цел беше да го побара изворот на пандемијата. Тој рече дека некои од овие диви животни може да биле заразени со вирусот САРС-КОВ-2 и дека тие го презеле вирусот од лилјак кои се многубројни во Јунан.
СЗО ќе објави детален извештај за своите наоди во наредните недели. Мисијата започна во јануари, по низата теории на заговор што се раширија низ целиот свет. Една од нив беше дека вирусот некако излегол од лабораторијата во Вухан, но СЗО го отфрли тоа сценарио минатиот месец, велејќи дека нема докази за тоа.
Научниците се едногласни дека вирусот циркулирал меѓу лилјаците, а потоа се префрлил врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни продадени на пазарот. Овие фарми за диви животни, се дел од проектот промовиран од кинеската влада во последните 20 години, за да им помогне на луѓето од руралните средини да избегнат сиромаштија и недостиг на храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.