Тотално потрфлање на Филипче против Корона вирусот, како Директорката влегла во Македонија и ширела зараза ако имало контрола при влез во земјава?
Заштитата против корона не функционира, директорката слободно се шетала две недели, а притоа скенерите за кои Филипче не убедуваше дека работат не ја регистрирале.
Дополнително има информации дека Филипче уште од вторникот знаел за присуството на заразата, а директорката непречено се движела. Со своја реакција се јави и „Клубот на младите лекари“, тие ја осудуваат постапката на директорката на Клиниката за кожни заболувања, која што со своето несовесно и неодговорно однесување ги загрози животите на граѓаните и колегите.
Очекувавме дека како медицински кадар посветен на здравјто и на првите борбени линии и во најкризните состојби, ќе бидеме меѓу првите заболени со COVID-19 вирусот. Но не очекувавме дека токму некој од фелата, ќе биде лош пример за непрофесионалност. Клубот на младите лекари ја осудува постапката на директорката на Клиниката за кожни заболувања, која што со своето несовесно и неодговорно однесување ги загрози животите на граѓаните и колегите.
Иако Клубот смета дека мерките на Министерството за Здравство во пракса се прокламативни и само протоколарни и бараат ревизија, апелираме секој од нас во еснафот да постапува според етичкиот кодекс и медицината базирана на докази.
Очекуваме лекарите да покажат врвна етика и професионалност и да бидат пример за граѓаните.
Од Министерството за здравство не сме добиле јасни и прецизни насоки, додека заштитната опрема и сапунот се со поминат рок. Системот е нефункционален, но време е за организација и правилни постапки.
Клубот на Млади Лекари ги нуди сите расположливи ресурси на Министерството за Здравство за надминување на состојбата и зачувување на здравјето на граѓаните. Ги повикуваме надлежните во Министерство за здравство да постават јасни и прецизни протоколи за постапување во случај на контакт на персоналот со заразено лице, стио во соопштението на лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.