Топлотниот стрес или топлотната истоштеност е состојба која се јавува после изложување на високи температури и честопати е придружена со дехидратација. Не мора да работиш на отворено за да ти се случи, а честопати почнува наивно со главоболка, па постепено се редат симптомите од ден за ден.
Поголем ризик од топлотен стрес имаат постарите, бидејќи нивниот систем за терморегулација работи забавено; малите деца, бидејќи нивниот систем за терморегулација не е доволно развиен; луѓето со прекумерна телесна тежина; оние кои пијат терапија; но генерално и сите здрави луѓе кои имаат проблем со варијабилни температури и нагло покачување на истите.
Постојат два типа на топлотен стрес:
Загуба на вода– симптоми како постојана жед, слабост, главоболка и загуба на свест.
Загуба на сол – симптоми како гадење и повраќање, грчеви во мускулите и вртоглавица.
Топлотниот стрес не е толку сериозен како топлотен удар, но е многу посериозно од она: Ништо не ти е, те фатило промаја. Доколку не интервенираш топлотниот стрес може да прогресира во топлотен удар кој пак може да го оштети мозокот и другите витални органи.
Во случај кога симптомите ги чувствуваш истовремено и се со силен интензитет, многу е важно да прекинеш со активностите и да одмараш во изладена просторија.
Препорачана стратегија:
- Пиј многу вода, особено спортски пијалаци за да надоместиш за загубените соли
- Раскомоти се, особено ако носиш тесна облека.
- Туширај се со поладна вода.
- Лади се со ладни облоги како мокар пешкир или лепеза.
Ако ваквите мерки не донесат подобрување во рок од 15 минути, поетете лекар. Имајте на ум дека после претрпен топлотен стрес вашето тело ќе стане почувствително на сонце, затоа морате да преземете мерки за заштита:
- Избегнувајте го сонцето по секоја цена
- Пијте течности и консумирај лесна храна
- Избегнувајте диуретик како кофеин и алкохол
- Носете лесна облека, очила за сонце и капа
- Ставајте СПФ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.