Кога некои работи редовно се појавуваат и ви создаваат проблеми, и тоа набрзо откако ќе се најадете, тоа би можело да значи дека сте интолерантни на некои намирници.
Еве на кои симптоми треба да обрнете внимание.
Желба за храна
Кога е во прашање интлеранцијата на некоја храна, не поминува она правило дека во сѐ можете умерено да уживате. Консумирањето на храна на која сме осетливи, доведува до интензивна работа на системот за варење кој дава сигнали дека нешто не е во ред. Ако после некое време повторно почувствувате желба за одредена храна и повторно дојде до проблеми во системот за варење, значи дека сте интолерантни на хистамин и дека мора да избегнувате намирници кои се богати со овој биоген амин кој често се наоѓа во преработената храна.
Замор
Хроничен замор кој се јавува и после неколку часа сон може да биде показател дека сте интолерантни на намирниците кои ги јадете секој ден, а не сте свесни за тоа. Заморот и недостатокот од енергија означува дека храната не се разградува како што треба и дека телото не може да ги апсорбира сите тие хранливи материи. Телото вложува големи напори за да се ослободи од соединенијата кои му штетат, поради што нивото на енергија секој ден се намалува, а заморот расте.
Киселини
Иако најчеста причина за ова е ниското ниво на желудочна киселина, понекогаш болките во стомакот се појавуваат поради консумирање на храна на која сте интолерантни. Ако забележите дека лековите за киселини не ви помагаат тогаш веројатно токму таа интолеранција е причина да се јавуваат тие киселини.
Болки во зглобовите
Повеќето луѓе сметаат дека болките во зглобовите се знаци на старост, но понекогаш таа болка е индикатпр на хронични воспаленија во нашето тело. Болките во зглобовите знаат да се појават откако ќе се напиеме млеко или некој млечен производ, а потоа можат да следуваат разни воспалителни процеси. Храната која предизвикува болк проследени со други симптоми, како проблеми во варењето или главоболки, може да биде знак на интолеранција на одредени намирници како што е глутенот.
Осип
Кожата е наш најголем орган па проблемите во внатрешноста на организмот често се манифестираат надвор, на кожата. Зачестените проблеми со кожата, дури и кога сме ги испробале сите можни третмани, можат да бидат показатели за интолеранција на храната која секојдневно ја консумираме. Затоа се препорачува да се обрнува внимание на состојбата на кожата кога јадеме нешто што може да предизвика кожни проблеми.
Пречки во варењето
Најчест симптом на интолеранција на храна се токму пречките во варењето кои вклучуваат гасови, надуеност и запек. Причина за тоа е пореметувањето на добрите бактерии кои се дел од нашето варење, а на оние кои редовно имаат проблеми им се препорачува да одат на лекар и да дознаат дали станува збор за интолеранција на некоја храна.
Секој од симтомите, освен на здравјето, влијае и на нашиот изглед и доброто расположение. Затоа треба да се земе предвид дека она што го јадеме секој ден можеби не е добро за нашиот организам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.