Ковид-19 освен што не натера да го смениме секојдневието, не натера и да го смениме функционирањето на медиумите и примањето информации во светот што се соочува со нова пандемија, пандемија на Ковид-19, истакна Јасмина Јакимова, новинарка и уредничка на Радио МОФ на денешното онлајн предавање на тема „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет?“.
Радио МОФ ова онлајн предавање го организираше во рамки на Деновите на медиумска писменост, како дел од медиумската кампања насловена #Инфодемија.
Весна Никодиноска, новинарка и комуниколог од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) истакна дека нејзиното излагање го заснова на препораки донесени од УНЕСКО, односно какви се информации и дезинформации можеме да сретнеме најмногу на социјалните мрежи и како тие се категоризираат.
– Во целата оваа ситуација со пандемијата на коронавирусот се соочивме со еден глобален комуникациски феномен или информациска пандемија или дезинфодемија, како што го нарекува Светската здравствена организација. Опасноста од оваа дезинфодемија е исто толку голема како и самиот вирус затоа што внесува забуна, конфузија за тоа што работат медицинските работници, но и за личниот избор што треба да го направиме ние како поединци за да се заштитиме себе си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.