„Викаат дека имаат срчи или како стакло да имаат во белите дробови“, вели пулмологот проф д-р Дејан Докиќ за „360 степени“ за македонските пациенти кои се заразени од вирусот Ковид-19
Македонија не ја одминаа најтешките форми на болеста, кои најчесто завршуваат фатално.
„Со практично крвавење и на некој начин распад на белите дробови“, кажа министерот Венко Филипче на една од прес-конференциите соопштувајќи смртен случај кај 31-годишен пациент со ковид-19.
Најкритичните пациенти се во вештачка, медицински контролирана кома и дишат со помош на механичка вентилација.
Се надевам дека ќе почнеме да будиме некого и да имаме успех во лекувањето“, вели д-р Илир Демири од Клиниката за инфективни болести и фебрилни болести за „360 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.