Потењето е природен и здрав процес, што дополнително се засилува од жешкото времеме, но често предизвикува непријатни мириси. Секој ќе се обиде да го реши со редовна хигиена и употреба на дезодоранси и влажни марамчиња, но кога тоа не може да помогне, можете да се свртите кон природен начин да го решите овој проблем.

Како да го намалите потењето?

Идеалната опција се етеричните масла – од чемпрес, чајно дрво и црн ким, но без присуство на други супстанци. Маслото во тенок слој намачкајте го под пазувите. Вашата кожа треба да го впие маслото. Ќе се чувствувате свежо и ќе мирисате убаво.

Маслото од чемпрес ги отстранува бактериите, смирува и опушта, додека маслото од црн ким го регулира проблемот со потењето и ги отстранува габите и бактериите.

Совет плус: стресните ситуации ја зголемуваат работата на потните жлезди. Избегнувајте стрес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.