Истражување во кое учествувале речиси 1.000 здрави мажи и жени покажало дека луѓето кои често јадат чоколадо, всушност тежат помалку отколку оние кои тврдат дека јадат поретко.

Ова не е првото истражување кое укажува дека дневната умерена доза чоколадо е полезна за здравјето. Минатото лето истражување со учество на 100.000 луѓе откри дека кај оние кои редовно јаделе чоколадо се намалува ризикот од срцеви заболувања со 37% и ризикот од мозочен удар со 29%.

Експертите советуваат да внимавате бидејќи сите чоколада не се исти по состав. Најздраво е консумирањето на чоколадо со висок процент на какао (над 60-70%). Се смета дека горчливиот вкус на темното чоколадо го намалува апетитот, а дека слаткиот вкус на млечните чоколада може да го стимулира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.