Дистрибутери кои веќе се вклучени во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини ќе ги чуваат и вакцините за ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Претставници на министерството денеска ги посетиле овие дистрибутери и нивните ладни соби, и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство.
Тие се информиралe и за тоа како на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за ковид-19, кога ќе пристигне во нашата земја.
Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините.
Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до – 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.