Пациентите не се јавно информирани кои и колку приватни здравствени установи работат легално. Министерството за здравство не го почитува законот за здравствена заштита кој самиот го предложиле.
Иако во членот 67 од ЗЗЗ стои дека регистарот на сите здравствени установи треба да е јавен и објавен на веб страницата на министерството на неа можат да се најдат само податоци за државните болници, клиники и здравствени домови, а никаде ги нема приватните.
Министерот за здравство во изјава за Сител вели дека имаат точен регистар и наскоро ќе го објавеле на интернет страницата.
Регистар постои и ќе го ажурираме веб сајтот на кој ќе биде објавен не само на приватните туку и на сите јавни здравствени установи во државата. Веќе се спремни и регистрите во рамки на Мој термин и на лекари и во јавното и во приватното здравство, во кој ќе бидат вклучени и останатите медицински работници, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.
Потребата од јавно достапна информација за Приватните здравствени установи се наметна откако во петокот ДСЗИ информираше дека од 5 помали ординации во Скопје во кои се вршеле операции три немале уредни дозволи од министерството. Две од нив беа инволвирани и во случајот со починатиот пациент од Ресен кој по интервенција на хемороиди почина од сепса.
Здравствени инспектори неделава ќе влезат и во ПЗУ-та за хируршка дејност и низ внатрешноста, а следни за контрола се и поголемите приватни болници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.