Jули ќе биде најтопол месец откако се мерат темперетураите, објави Светската метеоролошка организација, која претходно го прогласи јуни за најтопол во историјата.

Планетата Земја во јули беше најтопла во историјата, само една недела откако незапаметен топлотен бран ја вжешти Европа, соопшти денеска Светската метеоролошка организација.

Податоците се засновани врз првите 29 дена во месецот и посочуваат дека јули 2019 година ќе биде исто топол или можеби потопол од претходниот најтопол јули, забележан во 2016 година, а во исто време и најтопол месец досега.

Во тоа време, просечната температура на копното и морињата беше за 0,87 степени Целзиусови повисока од просечната измерена во текот на 20 век, соопшти Метеоролошката организација и Националната служба за атмосфера и океанографија на Соединетите држави.

Минатиот месец, Светската метеоролошка организација објави дека јуни 2019 година бил најжешкиот месец во историјата, а 2019 година може да стане една од најжешките години досега, односно од моментот кога започнале мерењата во 1880 година.

Не знаеме многу топли лета, но ова не е лето на нашата младост. Ова не е лето на вашите баби и дедовци. Само оваа година нè затекнаа температурни рекорди забележани од Њу Делхи преку Енкориџ, Париз, Сантијаго, Аделаид до Арктичкиот круг. Екстремното време како ова е само врв на ледениот брег, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

WMO во соопштението се вели дека невообичаено високите температури во последните неколку недели зафатиле многу европски земји, вклучително и Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Британија. Секаде беше поставен нов неславен национален рекорд за високи температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.