Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3 Игор Јанушев најавува проширување на позитивната листа на лекови и здравство без рецепти. Квалитетот на здравството е клучен за секоја нација. Државата е таа која треба да овозможи европски услови за работа на лекарите и европско ниво на услуги на пациентите. Се обврзуваме на:

– Реконструкција и модернизација на општата болница во Велес;
– Изградба на клинички центар во Штип;
– Зајакнување на системот на трансплантација на органи;
– Се укинуваат рецептите, услуга со лична карта;
– Проширување на позитивната листа на лекови, изјави Игор Јанушев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.