Јане Велковски конечно ќе го добие лекот спинраза. Со овој лек тој ќе има подобар живот состојбата со здравјето ќе се подобри, а најголема надеж е дека Јане ќе има можност да оди, објави Канал5.
Неговиот сон е фудбалот, верува дека еден ден ќе застане на фудбалскиот терен, а сонот на неговите родители нивното дете да има поквалитетен живот.
Освен Јане овој лек ќе го добијат уште седум деца. Министерот Филипче вели дека лекот е од новата генерација на лекови за спинална мускулна дистрофија и ќе го добијат луѓето со оваа состојба.
Јане ова лето ќе наполни 11 години, период за кој како што вели ја научил суровоста на животот, но и животната лекција дека упорноста и волјата може да бидат виза за подобра иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.