Јане Велковски (11), кој боледува од спинална мускулна атрофија и останатите шест деца кои исто така го имаат ова заболување го примиле лекот „спинраза“, објави Венко Филипче, министер за здравство.

Нашиот јунак Јане по враќањето од Њујорк, денеска го прими лекот „спинраза“. Овој лек за првпат го обезбедивме во нашата држава за пациентите со спинална мускулна атрофија и сите 7 дечиња го примија лекот. Се грижиме за сите пациенти со ретки болести, објави Филипче.

Велковски во изминатот период е во центарот на вниманието, откако говореше на глобалниот самит на Обедитените нации во Њујорк за Светскиот ден на детето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.