Ако редовно јадете малини ќе имате поубав тен, посилна коса, подобро здравје на дигестивниот и кардиоваскуларниот систем, посилен имунитет и помал ризик од воспаленија.

Ова вкусно зрнесто овошје има силни антиоксидативни својства. Тоа значи дека го намалува дејството на слободните радикали и така штити од рак на дебелото црево, дојката, матката, хранопроводникот и простатата.

Фитонутриентите во малината спречуваат ширење на клетките на ракот, така што ги поттикнуваат на апоптоза, односно самоуништување.

Двеста грама од ова овошје на ден содржи препорачани количини на витамин Ц. Изобилуваат со влакна, фолна киселина, витамик К, Е5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини.

Оние чија исхрана е богата со малини имаат помал ризик да се здебелат и да се разболат од дијабетес. Кетоните во овие црвени плодови се заслужни за контролата на гликозата во крвта. Тие го поттикнуваат метаболизмот на мастите и ги намалуваат масните наслаги.

Со внесот на малини се активира хормонот адипонектин, од чиј недостиг страдаат луѓе со дијабетес тип 2. Адипонектин ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и други болести кои се придружни на дијабетесот тип 2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.