Вкупно 126 заразени со мали сипаници минатата недела што е најмногу досега од почетокот на епидемијата. Повеќе од половината од нив се од внатрешноста на земјата.

Досега бројот на заболени со морбили е 961 од кои над сто се лекари и медицински персонал. На Инфективна се хоспитализирани 43 заболени а 11 деца има на Детска клиника. На Комисијата за заразни болести во вторник ке одлучат дали ќе прогласат епидемија во цела држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.