Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу познати билки. Сто грама кисела зелка содржи дури 20 мг витамин Ц. Потоа витамин А, фолна киселина, магнезиум, фосфор, калциум, калиум, натриум и протеини. Одличен извор е на витамин Б12, затоа особено се препорачува на вегетаријанци и вегани.
Тоа што ја прави киселата зелка различна од сировата се пробиотичните бактерии. Киселата зелка е оригинална ферментирана храна природно богата со пробиотични култури. Поради тоа киселата зелка е многу важна во третманот на болести предизвикани од нерамнотежа на цревната флора, особено по терапија со антибиотик или хемо*ерапија.
Киселата зелка го забрзува заздравувањето на рани, а делува и кај реума и воспаление на вените. Локално, можете да го користите за ублажување од чешањето на кожата поради разни алергиски воспаленија, мали изгореници и убоди од инсекти, особено пчели или оси. На погоденото место ставете ја облогата и завиткајте со завој или газа. Ако имате главоболка, на челото поставете лист од кисела зелка и завиткајте со газа. Луѓето кои консумираат многу кисела зелка се посилни и поотпорни на болести. Поради тоа, киселата зелка особено се препорачува на стари лица, лица со ослабен имунитет и на деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.