Нашите предци имале големо искуство во лекувањето разни болести и познавале многу корисни рецепти. Сите тие рецепти се пренесувале од генерација на генерација и стигнале и до нас, бидејќи она што е добро и корисно, никогаш не се заборава.
Ви предлагаме еден народен и многу ефикасен рецепт за лекување воспаление на грло и крајници кој гарантира брзо заздравување во полесните случаи за само 4 часа.
Прелијте 80 грама сомелени семки од ким и прелијте ги со 200 милилитри вода, па варете ги 15 минути. Ќе добиете густа, растеглива смеса која личи на талог од кафе. Исцедете ја и додајте 50 милилитри вода, па повторно зовријте ја. Тргнете ја од рингла и додајте 1 лажица коњак или вињак. Вашиот лек е готов!
Како да ја консумирате напивката:
Пијте по 1 лажичка на секои 30 минути. Веќе по два часа, болката во грлото полека ќе исчезне, а и полесно ќе можете да голтате. После 4 часа може да завршите со третманот.
Може да го пиете и подолго, во потешки случаи. Оваа напивка им се препорачува на сите кои се подложни на настинки и често имаат воспалено грло и крајници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.