Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк, кој го иницира Либерално-демократската партија беше усвоен на пленарна седница на Собранието, а за него поддршка дадоа пратениците и од власта и од опозицијата.
Преку Законот за субвенционираниот студентски оброк, што тимот на ЛДП го подготви врз основа на сличен проект што веќе со години функционира во Словенија, обезбедуваме можност студентите за значително пониска цена да може да се хранат кај регистрирани даватели на услуги, кои ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк, појасни Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП.
Според предлогот на ЛДП, студентите од Министерството за образование и наука ќе добиваат финансиска поддршка во износ од 120 денари дневно наменета за купување приготвена храна. На тој начин се обезбедува финансиска поддршка, но и поквалитетен и поздрав живот за младите во периодот на студенстките денови.
Во согласно со предложеното законско решение право на субвенциониран оброк ќе имаат редовните студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети, државјани на Република Македонија, кои се регистрирани во системот, по пат на посебна пријава што студентот ќе ја поднесе при запишување во тековната академска година, а кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година, дополнува Зајкова.
Студентите ќе имаат право да го оброкот од понеделник до петок, од осум часот наутро до 20 часот навечер, но не за време на викенд и државни празници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.