Шеќери – намалете со консумирање слатки работи и газираните сокови.

Алкохол – алкохолот, особено жестоките пијалаци за кратко време можат да ја влошат состојбата на вашата кожа. Затоа намалете со консумација на алкохол.

Млечни производи – освен што можат да предизвикаат проблеми со варењето, млечните производи можат да бидат и причина за создавање мозолчиња.

Преработено месо – шунката, колбасите, сувомесните производи како и брзата храна се погубни за кожата. Намалете го нивното внесување во организмот на минимум.

Белиот леб и тестенините заменете ги со житарки.

Избегнувајте пржената храна и обидете се повеќе да јадете варена храна.

Храната пржена во длабоко масло не е добра ни за вашата фигура ни за вашата кожа, избегнувајте вакви оброци и преферирајте варена храна.

Јадете повеќе овошје, зеленчук, црвено месо, житарки и брзо ќе ја забележите разликата на вашата кожа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.