Турски научници откриле дека количината на вируси САРС-КоВ-2 во телото на асимптоматски пациенти е поголема отколку кај пациентите со симптоми. Според нив, ова фундаментално го разликува корона вирус од другите патогени и објаснува зошто пропаѓаат напорите на многу земји за спречување на пандемијата.

Овој заклучок е објавен во научното списание „Инфекција“, каде што се наведува дека сите претходни студии покажале дека асимптоматските носители можат да ја шират инфекцијата дури и ако немаат треска или кашлица. Но, она што турските научници го откриле е сосема неочекувано.

Авторите на студијата го оценуваат нивото на вирусно оптоварување кај шест типа на пациенти, различно во возраста и тежината на болеста. Така, тие тргнале да ја утврдат врската помеѓу текот на болеста и вирусното оптоварување во Ковид-19.

Истражувачите собрале примероци од назофаринксот, грлото, устата и ректумот, како и тестови на плунка, крв и урина од 60 пациенти со потврден корона вирус. Една четвртина од нив немаle симптоми. Вкупно, истражувачите анализирале 360 примероци.

Откриено е дека кај сите асимптоматски пациенти има поголемо вирусно оптоварување отколку кај оние со симптоми. Покрај тоа, со зголемување на сериозноста на болеста и возраста на пациентот, овој индикатор се намалува.

Ковид-19 е сложена загатка. Итно се потребни вирусолошки и имунолошки тестови за да се собере сè и да се види големата слика. Нашата студија, за разлика од другите, покажува дека асимптоматските пациенти имаат поголемо вирусно оптоварување на САРС-КоВ-2 отколку симптоматските пациенти и со зголемување на тежината на болеста, се забележува значително намалување на вирусното оптоварување – пишуваат авторите.

Според истражувачите, малото вирусно оптоварување на САРС-КоВ-2 е во корелација со факторите кои ја одредуваат лошата прогноза на текот на инфекцијата, како што се билатералното „облачно стакло“ на КТ на градниот кош, нискиот број на лимфоцити и староста.

Авторите сугерираат дека поголемото вирусно оптоварување кај асимптоматски пациенти може да биде само врв на ледениот брег за проблемите поврзани со ширењето на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.