Мичо Деспотовиќ (64), кому му била потврдено дека е заболен од ковид-19 по доаѓањето од прославата во Коњиц, вели дека после седум дена пекол и халуцинации, температурата одеднаш запрела, како некој да го исклучил копчето…
Поминав низ пеколот! Тоа не е болест, тоа е торнадо што минува низ вашето тело! Само се сеќавам на неверојатната немоќ на организмот, некој кошмар во кој бев, спиете а не спиете, се будите во кошмар, халуцинирате, постојано сте во состојба на немоќ и така седум дена. Во еден момент, се чувствував како забите ми се наопаку!“.
Ова е приказна за Ужиќанинот Мичо Деспотовиќ (64), кому му бил потврден корона вирус кон средината на март и се вратил дома пред два дена. Тој претпоставува дека со опасниот вирус бил заразен на 11. март на прослава во Коњиц, Босна и Херцеговина, каде вели дека имало луѓе од пет континенти …
Можно е дека фаталниот момент беше кога еден колега, директорот на една компанија го удрив по грбот,одзади … Подоцна слушнав дека човекот бил заразен кога дошол во Коњиц, а заради полесната клиничка слика со корона вирусот се справил во домашна изолација“, вели Деспотовиќ.
Тој се врати од Коњиц истата вечер, немал никакви проблеми во наредните денови, работел, се сретнал со луѓе, три-четири дена подоцна, се чувствува“, вели тој, „лутина во нозете и само помислив – ‘еве го’“.
Се јавив во телефонскиот центар, ми рекоа дека ќе ме тестираат следниот ден, така беше, и тие ме вратија да го чекам резултатот дома. Следниот ден ми се јавија и ми рекоа дека треба да одам во Белград. Следеа филмските сцени, неверојатна брканица со санитетот кон Белград, повеќе одевме по левата и отколку по десната страна, сето под ротација и со звук на сирена. Првата вечер што ја поминав на Клиниката за инфективни болести, беше тешка ноќ за мене, со сите тешки пациенти наоколу. Потоа ме префрлија во КБЦ ‘Драгиша Мисовиќ’“, раскажува Деспотовиќ.
Првите три дена во „Мисовиќ’ беше во ред, тој немал температура или други симптоми, а потоа, одеднаш, започна пеколот.
Бев на кислород нон -стоп, а во еден момент сатурација ми падна под 90. па сакаа да ме префрлат на полуинтезивна нега. Ако тоа се случеше, да ме ставија на апарат, прашање е дали ќе се извлечев… Но, за пола саат сатурацијата беше 98 благодарејќи на неколку вежби што ги направив. Беше буквално борба со самиот себе, морав самиот да се победам, да се убедам дека можам. По седум дена пекол, бунило, хулцинации, температурата наеднаш застана како некој да ја исклучи со копче “.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.