Институтот за трансфузиона медицина доби 40 нови автоматски агитатори, соопшти Министерството за здравство.
Функцијата на овие агитатори се состои во следење на процесот на дарување на крв (времетраење, количина, кој пунктер, регистрација на неусогласености при дарување), регистрација на сите податоци за кесата која се употребува за крводарување и онлајн миграција на сите податоци директно во националниот информатички систем за крвна банка e-Delphyn.
Агитаторите се поделени на стационарни за Институтот за трансфузиона медицина, Центрите за трансфузиона медицина во Штио, Битола и Тетово, како и мобилни во рамките на мобилните екипи за собирање на крвни единици, велат од Министерството.
Со ова, се заокружува процесот на усогласување на работа според европските директиви.
За потсетување, во Институтот за трансфузиона медицина реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.