Институтот за трансфузиона медицина упати јавен повик луѓето кои се излечиле од ковид-19 да даруваат крвна плазма и да спасат човечки живот.
Во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.
Таа се користи за лекување на заболените од ковид-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.
Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите ебола и сарс.
Со оглед на тоа дека не постои специфична терапија, ни вакцина, неодамнешните истражувања укажуваат дека конвалесцентна плазмa може да биде корисна во лекувањето на инфекцијата предизвикана од новиот коронавирус (SARS-CoV-2).
И Вие можете да спасите нечиј живот по закрепнувањето од болеста предизвикана од вирусот ковид-19“, се вели во апелот на Институтот за трансфузиологија.
Изминатите денови по социјалните мрежи постојано има јавни апели за лицата кои прележале ковид-19 да даруваат крвна плазма со цел да се спасат пациенти болни од коронавирус.
Д-р Христијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“ претходно за „Република“ изјави дека кај нив најголем успех во лекување на болните со ковид-19 дала терапијата на лекување со озон. Досега со оваа терапија била излекувани 20 пациенти кои биле тешко болни.
Испитувањата покажаа досега дека само три отсто од излекуваните пациенти имаат антитела на вирусот. Иако читаме и слушаме дека кај некои пациенти што го прележале коронавирусот, тој може да се врати по извесно време, кај нас таков случај уште не е забележан, изјави за „Република“ д-р Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.