Капацитетот на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле кој неодамна беше пренаменет во Ковид центар е пополнет. Нема ниту едно слободно место за прием на нови пациенти. Од 45 пациенти, 8 се со ниска сатурација и се на кислородна поддршка, рече денеска во Утрински брифинг директорот на болницата, Бесник Зекири.
Пред две недели детката болница Козле беше пренаменета во Ковид центар, а сите деца кои тогаш биле затекнати во болницата, биле препратени во Клиниката за детски болести.
Сите деца кои се позитивни на Ковид, но и децата со други болести директно одат на Детската клиника. Моментално во болницата Козле не се вршат прегледи на деца. Очекуваме до крајот на април да се нормализира ситуацијата и веќе од мај да продолжиме да работиме со прием и прегледи на деца во болницата. За тоа да се случи прво ќе треба да ги испишеме сите пациенти болни од коронавирус и да се направи комплетна дезинфекција за што ќе биде потребно околу две недели, вели директорот на болницата, Зекири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.