Секојдневниот живот ќе остане ограничен и кога ќе се развие вакцина против коронавирусот, објави денеска германскиот институт „Роберт Кох“ (РКИ).
Како што наведува берлинскиот Институт, иако ќе има барем една ефективна вакцина во 2021 година, одржувањето дистанца, хигиенските правила, носењето маска, проветрувањето и изведувањето слободни активности на отворено ќе останат во сила уште некое време.
Германија денеска пријави 4.122 новозаразени со коронавирус, а со оглед на сѐ поголемиот број заразени се зголемуваат повиците за единствени и лесно разбирливи правила во германскиот децентрализиран систем.
Во соочувањето со ковид-19, потребни ни се привремени и регионално ограничени мерки приспособени на ризикот во следните неколку недели и месеци – рече претседателот на Институтот Лотар Вилер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.