Клиниката за инфективни болести го осудува чинот на објавување видео на пациентка со ковид која има тешко психичко заболување, реагираа попладнево од Клиниката.
Во време на пандемијата, Клиниката лекува секакви пациенти, со коморбидитети, комбинирани хронични заболувања, пациенти со психички растројства. Секој пациент кој требало да се хоспитализира не е вратен и ја добил соодветната нега. КИБФС заштитувајќи ги правата на пациентите, во конкретниот случај нема да сподели детални податоци во врска со нејзината хронична болест. Таа во моментов се чувствува добро, излекувана е од вирусот и за околу два дена ќе биде пуштена дома. КИБФС апелира медиумите да ги почитуваат правата на пациентите, да известуваат професионално и непристрасно, а од состојбата на пациентите да не прават сензации, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.