За помалку од месец дена двапати лежев на Инфективна клиника поради коронавирусот. Иако првиот пат во болница дури осум пати бев негативен на тестот за ковид-19, докторите сè уште се сомневаа дека сум заразен. Затоа, кога повторно ми се појавија симптомите знаев дека морам одма во болница ако мислам да преживеам.
Вака својта исповед за српски „Информер“ ја почнува Пајо Филиповиќ (50) од Белград. Тој во јуни поради запаление на двете белодробни крила лежеше на Инфективната клиника во главниот српски град, а само неколку недели подоцна повторно беше хоспитализиран.
Кога ги добив првите симптоми, болки во градите и отежнато дишење, знаев дека морам во болница. Докторите веднаш се посомневаа во коронавирус. Иако имав таква клиничка слика, тестот беше негативен, а ме тестираа дури осум пати. Сепак, сè укажуваше на вирусот, иако од почетокот на епидемијата се пазев, почитував мерки, носев маска, а дома никого не пуштав. Така беше и отпосле, кога се излекував и првпат излегов од болница. После некое време во посета ни дојде семеен пријател кој веќе бил заразен, а не знаевме. Ни премолчи дека син му е позитивен, веројатно мислеше дека штом ништо не му него, не е опасност за другите, вели Филиповиќ.
Три дена потоа ги добил првите симптоми.
Прво омалаксаност, потоа едвај дишев, па температурата многу ми се покачи. Во главата ми одѕвонуваше дека морам што побрзо да ода во болница. Знаев дека не смеам да губам време, дека секој потрошен момент ми се зголемуваат шансите да завршам на респиратор. Така и беше. Мојата дијагноза повторно беше воспаление на градите, но овојпат тестот потврди дека имам корона. Се плашев, а и докторите, бидејќи дробовите веќе ми беа слаби. Не им беше јасно како може повторно да ми се случи истото во толку краток период, раскажува белграѓанинот.
Филиповиќ додава дека деветте дена во болница овојпат биле вистински кошмар.
Борбата за воздух, неможноста да се мрднам или да се свртам во креветот, никогаш нема да ги заборавам. А, дури кога ќе се обидете да ги затворите очите и да се одморите, почнува пеколот. Имав халуцинации, многу се плашев. Животот ми поминуваше пред очи, размислував што направив, што сакав, а не направив. Деновите беа тешки и долги. Најтешко е да ги гледате докторите како се борат за животот на луѓе со кои до пред малку сте правеле муабет, а сега ги водат ирно на долниот спрат за да ги приклучат на респиратор, се присетува тој.
Вели, преживеал и избегнал респиратор, но уште го мачат последиците од болеста.
Изгубив 14 килограми за неколку недели, уште сум во домашна изолација. Уморен сум, омалаксан, секогаш гладен и жеден…Кој не го преживеал ова, не знае какво мачење е, вели Филиповиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.