Имамот Максут Абази од Порој одлучи да ги почитува мерките за заштита и да ја држи џамијата затворена и за утрешниот голем муслимански празник Фитр Бајрам, објави Алсат телевизија.
Ја донесов оваа одлука за да не дозволам вирусот да се шири кај моите сограѓани. Џамијата е Божја куќа, верникот кога доаѓа да се моли во џамија треба да биде слободен. За мене не е во ред да им кажам на верниците да мијат рацете, да ги дезинфицираат рацете и да држат социјална дистанца, рече Максут Абази, имам на џамијата на село Порој.
Имамот Абази смета дека џамиите треба да бидат затворени се додека не се отворат училиштата.
Додека не се отворат училиштата, мислам дека и џамиите исто така треба да покажат солидарност со образовните институции, здравјето на верниците е пред сè. Пророкот Мухамед вели: кога во едно место се појавува епидемија, не влегувајте во неа, а ако сте таму, не излегувајте оттаму. Од вестите дознав дека поголемите муслимански земји од нашата земја, Турција, Саудиска Арабија и други, неколку дена воведоа полициски час за да спречат ширење на вирусот. Можеби ќе бидам критикуван и ќе ме пцујат за оваа одлука, но меѓу верниците ќе има и такви што ќе ме разберат правилно,, изјави Максут Абази, имам на џамијата во село Порој.
Оваа одлука на имамот, жителите на Порој, сепак ја поздравуваат.
Ние сме многу задоволни од секоја активност. По своја иницијатива имамот го направи ова зеленило, чистејќи дрвја и сè. Без имамот, тука не може да се стори ништо. Тоа е добро, секако дека е добро. Ние сме дури и многу горди на имамот.
Жителите велат дека имамот не е активен само во џамија, туку и во селото. Овие паркови во Порој, велат тие, се токму негово дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.