Министерот за здравство Венко Филипче смета дека има прекршување на дел од препораките за заштита од коронавирусот.

Во однос на мерките, и ова е мој личен впечаток бидејќи ги следам сликите што излегуваат и итн. сметам дека има прекршување на правилата. Дали е тоа генерално правило или дали се повеќе исклучоци, тоа е многу тешко да се каже. Сметам дека ние сме во една фаза во кое тое ќе стане терк на однесување и нема да заврши дури ни со вонредната состојба, дури ни со олабувањето на мерките, туку ќе продолжи и во периодот пред нас“, рече Филипче на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче смета дека сега граѓаните се многу посвесни од претходно за оваа состојба. Додаде дека во медиумите излегуваат и фотографии каде се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, како почитување на дистанца пред институции, носење маски или марами на лицето.

Сметам дека со тек на време и уште повеќе ќе расте свеста на граѓаните. Сите ќе станат сите свесни дека тоа е мерка која мора да се почитува заради што нивното здравје е во интерес и колективното здравје“, појасни Филипче.

Министерот за здравство смета дека само со придржување до препораките ќе имаме и понатаму добри резултати во борбата со коронавирусот.

Во однос на пациентите и прегледите во Клиничкиот центар, Филипче рече дека нема информации дека има некое одложување. Појасни дека секојдневно комуницира со огромен број директори, додаде дека се следат хроничните пациенти и интервенции се одложуваат без притоа да ја комплицираат задравствената состојба.

И дали таа политика во овој момент ќе ја ревидираме, сега не може да кажам. Веројатно дека ќе почекаме уште недела или две, овој период кога го очекуваме пикот па понатаму да размислуваме за промена на концептот, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.