Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира четири лица заболени со Ковид – 19 во таа општина, соопштија денеска надлежните.

 Има нов кластер во кумановско, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Извршени се вкупно 22 тестирања, од кои 17 по „МојТермин“ и пет контролни брисеви. Според денеска објавените податоци, оздравени се 92 пациенти од Куманово. Од почетокот на епидемијата, досега, во Куманово се дијагностицирани 760 заразени, а активни се 211 случаи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.