Има многу асимптоматски носители на вирусот, затоа носењето маска е неопходно, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој појасни дека задолжителното носење на маските е донесено како одлука по многубројните светски анализи и препораки кои во изминатиов период беа објавени.
Сега е дефинитивно јасно дека има многу асимптоматски носители на вирусот. Како и многу земји во светот, така и ние, ја воведовме оваа мерка како една наша политика. Сметаме дека сега во оваа фаза, после сите сознанија од изминатиот период што помина, оваа мерка е неопходна, рече Филипче.
Тој потенцираше дека носењето на маските како заштитна опрема е мерка која значително ќе придонесе за намалување на ширењето на вирусот.
Ова се однесува на затворен простор, а на отворен простор само кога нема да има можност за одржување на растојанието од два метра со луѓето во непосредната близина, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.