Во текот на ноќта и претпладнево успешно беа завршени трансплантацијата на срце кај 22 годишено момче, трансплантацијата на првиот бубрег кај 27-годишен пациент, а за првпат во историјата на македонското здравство е извршена и експлантација на коски и коскени ткива од починат донор кои од понеделник ќе бидат аплицирани кај пациенти.

Ова е втора трансплантација на срце извршена од починат донор во земјава. Трансплантацијата е направена од тимови од Државната клиника за кардиохирургија и од Клиниката „Жан Митрев“.

Сочувство до семејството на донорот денеска изрази таткото на 22-годишното момче Иле Стрезовски, на кое во раните утрински часови му беше трансплантираното срцето од 20-годишната Белчовска.

– Мојот син успеа преку нејзините родители да добие срце. На мојот син му го продолжи животот. Тој боледуваше од јануари од слабо срце. Разговаравме со синот добро се чувствува, се е супер. Голема благодарност до целиот тим на Кардиохирургија на чело со доктор Сашко Јовев и голема благодарност до министерот Венко Филипче – изјави Стрезовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.