Од денеска Институтот за јавно здравје ќе почне да ги тестира лицата кои беа во изолација, а претходно имаа контакт со директорката на дерматологија.
Се работи за голема бројка, рече министерот Филипче, па за да не се оптоварува лабораторијата ќе се оди кај нив за да се тестираат.
Во болницата во Кавадарци ниту еден од лекарите и медицинските сестри, како и оние во психијатриското одделение, нема корона вирус.
Затворено е психијатриското одделение, а другите делови од болницата се во функција, но претходно дезинфицирани.
За оние кои биле во поблизок контакт со заразениот, ќе се чека 14 дена, за да се утврди дали и тие се заразени.
Во кумановската болница, пет лица се заразени со корона вирус, од кои три се медицински лица, рече Филипче. Едно од лицата кои се заразени е од околината на Куманово, па ќе се спроведат дополнителни мерки за ширење на болеста.
Ќе се укине меѓуградскиот и градскиот превоз во Куманово, а ќе се затворат и оние полуотворени трговски центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.