Во време кога и онака има дефицит од здравствени работници, зошто ние, идните доктори, седиме дома без никаков ангажман? Па со соодветна заштита верувам дека барем оние кои сме при крај со студиите можеме барем на некој начин да им помогнеме на и така презафатените колеги. Една анамнеза, едно мерење притисок, температура, било што… тоа што можеме! Доколку има потреба, тука сум (сме)!, пишува на својтот фејсбук профилИван Радев, студент по општа медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
За Радио МОФ вели дека се работи за негов личен став, но верува дека многу студенти по медицина размислуваат како него.
Јас сум спремен доброволно да се пријавам, но и да покренам иницијатива кај студентите, доколку има доброволци, вели Радев.
Студентите по медицина упатија писмо до министерот за здравство дека постојат и се подготвени да помогнат.
Студентите по медицина, особено оние од 6-та, 5-та и 4-та година се спремни да одговорат на потребите на нашата држава доколку има потреба од тоа. Ние како Факултетското студентско собрание на Медицински факултет – Скопје испративме и официјален допис до Министерството за здравство со цел да го известиме министерството и министерот дека идните лекари се спремни да помогнат во секоја ситуација која што ја гарантира нивната безбедност, стои меѓудругото во писмото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.