Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно дека сите ќе треба повторно да се вакцинираат и следната година против Ковид -19.
Мертенс изјави дека во моментов нема информации за тоа кога ќе бидат потребни дополнителни засилени дози, а здравствените експерти ќе мора да почекаат уште неколку месеци за да видат дали кај одредени луѓе коронавирусот слабее.
Тој додаде дека вирусот нема да не напушти и дека тековните вакцинации нема да бидат и последни.
Во принцип, мора да се подготвиме за можноста дека сите треба да бидат имунизирани и следната година, рече Мертенс.
Скоро 30,4 милиони луѓе во Германија или 36,5 проценти од населението, примиле барем една вакцина до петокот.
Повеќе од девет милиони, или 10,9 проценти од населението, биле ревакцинирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.