Земете со себе термос, седнете на клупа во парк. Лошо е за здравјето ако седите дома.
Додека Јохан Гиесецке, поранешниот епидемиолог на Шведскиот национален институт за контрола на заразните болести и советник на Светската здравствена организација (СЗО) ги изговараше овие зборови, на јужниот крај на Европа, Италија во очај ги броеше новите жртви од коронавирусот.
И додека во Италија одамна заборавија на убавините на заедничкото пиење кафе, во Шведска и понатаму пијат, ручаат во ресторани и шетаат. Светот со право се прашува: Во што е работата и како тоа луѓето во таа скандинавска земја и покрај реалните закани на ковид-19, живеат нормално? Не се плашат?
Не, не живеат нормално и да, страв им е.
Амина Хаџиалиќ е Босанка која е директорка на локалниот Дом на здравје во Малме и вели дека Швеѓаните живеат во страв, но разликата во однос на другиот дел на Европа е во тоа што не паничат и не брзаат со мерките пред тие да станат неопходни.
Според неа, уште една причина за несоздавање паника е тоа што Швеѓаните веруваат во системот.
Наместо критики, луѓето овде нудат прелози и решенија. Веруваат дека сите работат најдобро што можат и дека пред донесување на секоја одлука, таа е добро промислена. Шведскиот здравствен систем е одличен и луѓето имаат доверба во него. Кој ќе се разболи во Шведска, тој ќе биде лечен квалитетно. Не може да се случи некој политичар да има приоритет, а другите да страдаат. Се создава погрешна слика за Шведска. Не се точни констатациите дека овде ништо не се работи. Во јавноста постои страв меѓу луѓето и има голема почит кон болеста која досега однесе толку многу животи. Швеѓаните многу добро знаат што се случува во светот и се плашат од овој опасен вирус, но не сакаат да паничат за нешто што уште не се случило. Експертите овде се многу почитувани и политичарите и луѓето имаат верба во нив. Тие сметаат дека не треба да се брза со радикални мерки се додека тие не станат непоходни. Владее мислење дека досегашните мерки одговараат на моменталната ситуација во земјата, вели Хаџиалиќ за „Ал Џезеира“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.